Поранешниот македонски репрезентативен голман Ристе Јанков е најновото засилување за Тиквеш за продолжението од сезоната во Првата македонска фудбалска лига.
25-годишниот Јанков, откако ја заврши соработката со штипска Брегалница, сега ги засилува редовите на Тиквеш.
Досега во кариерата Јанков има настапи и за Работнички и Локомотива на домашната фудбалска сцена, како и за Каспиј Актау во Казахстан и Поли Јаши во Романија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА