Крилниот напаѓач на струмичка Брера, Мато Роџерс, доби повик да игра за репрезентацијата на Уганда. 25-годишниот фудбалер ќе конкурира за настап на својата селекција во квалификациите за Африканскиот Куп на Нации за првите два натпревари.
Уганда најпрво ќе гостува во Јужна Африка на 6. септември, а три дена подоцна и за дуелот против Конго на домашен терен.
Мато досега има 23 насапи за селекцијата на Уганда, и има постигнато два гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА