Вардар безусловно мора да атакува на победа против Воска Спорт денеска во 4. коло од Првата македонска фудбалска лига, во желбата за враќање на атмосферата во клубот по неубедливиот старт на сезоната.
И покрај постојаните најави од страна на новото (се уште јавно необелоденето) раководство на клубот дека најтрофејниот македонски клуб сезонава ќе се бори за излез во Европа, „црвено-црните“ се далеку од европската слика на терен која би можела да навести конкурентност со најдобрите екипи во лигата.
Токму затоа е неопходноста од триумф на дуелот на арената „Тодор Проески“ кој би бил и прв и за новиот тренер Горан Петревски, за мир во соблекувалната но и мир меѓу „Комитите“ кои по претходниот убедлив пораз од Шкупи се огласија со порака: „Последна опомена за управата…Рибата смрди од главата“.
Вардар и Воска Спорт по првите три натпревари од сезоната се двете последнопласирани екипи во лигата. Охриѓани се „фенерџиите“ со досега само еден освоен бод што ги носи во позиција исто така за крајно неопходен атак на бодовите денеска на арената „Тодор Проески“ во Скопје.
ПРВА ЛИГА – 4. КОЛО (денеска, 16 ч.)
Скопје: ВАРДАР – ВОСКА СПОРТ
Гостивар: БЕСА – РАБОТНИЧКИ
Тетово: ШКЕНДИЈА – ПЕЛИСТЕР
Кратово: СИЛЕКС – ШКУПИ
Струга: СТРУГА ТЛ – АП БРЕРА
Кавадарци: ТИКВЕШ – ГОСТИВАР
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА