Шкендија се засили и со Лиридон Латифи од Тирана (ФОТО)

Шкендија во финишот на преодниот рок се засили и со крилниот офанзивец Лиридон Латифи.

30-годишниот Латифи, кој има и пет настапи за албанската репрезентација, треба да биде сериозно засилување за тетовци каде доаѓа од редовите на ФК Тирана.

Претходно во својата кариера Латифи има настапувано и за екипите на Влазнија, Кукс и Скендербег во Албанија, како и Академија Пушкаш во Унгарија и молдавски Шериф Тираспол.

Се вчитува...