Тотален колапс на Вардар на дуелот против Воска Спорт во 4. коло од Првата македонска фудбалска лига. Охриѓани по еден час игра имаат водство од 0-3 на арената „Тодор Проески“ во Скопје.
Откако најпрво поведоа гостите со голот на Ибраими потоа во само две минути следеа уште два гола за Воска Спорт.
Најпрво по брзиот контранапад на Јахја, во 63. минута Јасмин Мециновиќ во обид да расчисти си постигна автогол, а потоа во 65. минута Јахја постигна феноменален гол со шут од 18 метри и за 0-3…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА