ВИДЕО: „Комити“ гневни – „Управа оди си… Наш е Вардар и наш ќе остане!“

Најверните вардарови навивачи „Комитите“ не можеа да преминат преку најновата бламажа на Вардар и убедливиот пораз од 1-3 од Воска Спорт на својот стадион.

Па, и покрај максималната поддршка низ првиот дел, по дебаклот кој беше најавен со трите гола на охриѓани, „Комитите“ за време на денешниот натпревар отворено го искажаа својот револт кон новото раководство на клубот кое пред два месеци ги презеде црвено-црните.

„Управа оди си… Наш е Вардар и наш ќе остане… Оди си Миленко…“ – беа дел од скандирањата на „Комитите“, јасно алудирајќи на неофицијалниот извршен директор на клубот Миленко Неделковски кој го презеде раководењето со клубот, иако никогаш официјално и претставен пред јавноста, како што доликува на најтрофејниот македонски клуб.

Добро е познато, дека поголемиот дел од „Комитите“ беа против и доаѓањето на новите раководни лица во клубот пред два месеци, но по долготрајните разговори на крај се прифати Вардар да ја почне сезоната како што ја почна. На сето тоа следеше и нејасната разделба со тренерот Горазд Михаилов, и тоа веднаш по победата над Пелистер во второто коло од шампионатот.

Се вчитува...