Сенегалецот Асане Диата, е нов фудбалер на Гостивар. Ноќеска на полноќ, гостиварци го промовираа најновото име во своите редови.
Станува збор за 24-годишен фудбалер кој игра на крилните позиции, особено на десната страна. Доаѓа од тимот на Каршијака од Кипар, а во минатото играл за екипи од Сенегал како Гуедиваје, Тенгует и Пикине.
Претходно екипата во овој преоден рок ги донесе Машике, Мбенде, Глишиќ, Мурати, Алдаир, Трајчевски, Чешмеџиев, Ајдоган, Хусмани, Дирар, Ѓоршриевски, Хамзиќ, Симоновски и Крстевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА