Гандо: Да се вратиме на победите после непријатноста во Купот

После пет одиграни кола, тимот на Работнички се најде меѓу првите два тима во првенството. „Романтичарите“ имаат три победи и две ремија, со што со 11 бодови го делат првото место со тетовска Шкендија.

За „романтичарите“ следува натпревар против Брера на домашен терен. Сите три меча дома, „романтичарите“ ги решија во своја корист, со надеж дека така ќе биде и утре.

„На петте првенствени натпревари немаме пораз и би сакале да го задржиме курсот. Доживеавме непријатна елиминација во Купот, па секако дека би сакале сега веднаш да се вратиме на победнички патеки. Го респектираме тимот на Брера, се работи за квалитетен тим, сега имаат и нов тренер и сигурно дека ќе бидат максимално мотивирани на утрешниот меч. Но, и ние веруваме во нашите квалитети сакаме да ги освоиме трите бода.”, изјави Гандо.

Се вчитува...