Ива Пројковска беше резервен судија на полуфиналето на СП во Колумбија на мечот САД – Северна Кореја

Ива Пројковска, нашиот најдобар женски фудбалски судија, која се наоѓа во елитната група од 20 најдобри судии во Европа, на мечот во полуфиналето на Светското првенство фудбалерки до 20 години, што се одржува во Колумбија, меѓу репрезентациите на САД и Северна Кореја /0:1/ ги заврши своите настапи на шампионатот. Од страна на Судиската комисија на ФИФА таа беше одредена за резервен судија на овој натпревар кој го судеше Ивана Мартиниќ од Хрватска, и помагаа Маја Петравиќ /Хрватска/ и Сташа Спур /Словенија/.  Четврти судија беше  Вицента Амадоне /Того/.

Резервен судија на овој  меч за помошниците беше Линда Шмит од Швајцарија.  Организаторите, на овој шампионат по препорака на Судиската комисија на ФИФА, донесоа одлука на двете полуфинални и финалната средба да има одредено по шест судии, четири за натпревар, и двајца резервни.

Пред овој полуфинален натпревар Пројковска беше главен судија на мечевите: Северна Кореја-Аргентина /6:2/ и САД-Парагвај /7:0/. На светското првенство во  Колумбија судеа 16 главни судии, од кои пет беа од Европа, што ги одреди УЕФА меѓу кои беше и нашата Ива Пројковска, заедно со судии од Италија, Франција и Романија. Сите тие добија шанса да судат по два натпревари. Инаку, во финалето ќе играат репрезентациите на Јапонија и најголемото изненадување на ова првенство, фудбалерките на Северна Кореја.

М.М

Се вчитува...