ДРАМА ВО КАВАДАРЦИ: Поништен гол на Тиквеш, погоден помошниот судија со тврд предмет, Ставрев досуди крај – Вардар победи! (ВИДЕО/ ФОТО)

Повеќе од драматичен крај на натпревар од 6. коло во ПМФЛ во Кавадарци меѓу Тиквеш и Вардар кој заврши со победа на „вардарци“ од 0-1.

Во 96. минута од средбата вистинска драма на натпреварот во која беше поништен, поради офсајд, гол на Тиквеш за 1-1, па беше погоден со тврд предмет од трибините помошниот судија и главниот судија Александар Ставрев досуди крај на мечот една минута пред финиш на предвидените осум минути судиско продолжение.

По изведениот слободен удар од левата страна, кавадарчани во мешаницата постигнаа гол но помошниот судија сигнализираше офсајд позиција на Рибеиро кој беше на самата гол-линија пред голот на Вардар. Сето тоа наиде на револт кај домашните фудбалери, но и публиката во Кавадарци. Низ сето тоа несогласување, очигледно помошниот судија беше погоден со тврд предмет поради што главниот судија Александар Ставрев се одлучи една минута порано да отсвири крај на мечот и да ги повика своите помошници кон соблекувалните…

А, претходно Вардар, до предност дојде во 71. минута благодарение на извонредниот еврогол на Закариќ.

Закариќ се одлучи од 18 метри да шутира кон голот на домашните и феноменално погоди. Топката од гредата се одби во внатрешноста зад гол линијата… Сето тоа, на крајот, за конечна радост.

РЕЗУЛТАТИ – 6. КОЛО
Скопје: РАБОТНИЧКИ – АП БРЕРА 1-1
Белица 73′ – Ристовски 26′
Гостивар: БЕСА – ПЕЛИСТЕР 2-3
Селмани 58′, 89′ – Керим 9′, Ивановски 27′, Катаниќ 76′
Тетово: ШКЕНДИЈА – ВОСКА СПОРТ 5-1
Адеми 19′, Ибраими 30′, 60′, Крстевски 34′, Адили 45’+1 – Јахја 56′
Кавадарци: ТИКВЕШ – ВАРДАР 0-1
Закариќ 71′
Кратово: СИЛЕКС – ГОСТИВАР 1-2
Ѓорѓиевски 87′ – Огузхан 15′, Зука 55′
Струга: СТРУГА ТЛ – ШКУПИ 0-3
Фабрис Тамба 5′, 71′, 89′

Се вчитува...