Шкендија лидерски, Шкупи со хет-трик на Тамба го реши шампионот, Брера извлече бод со Работнички (ВИДЕО)

Очигледно гостинско коло во Првата македонска фудбалска лига, во кое гостите – Шкупи, Гостивар, Пелистер и Вардар, триумфираа на четири натпревари, дуелот во Скопје меѓу Работнички и АП Брера заврши без победник, а домашна победа и тоа убедлива од 5-1 запиша само Шкендија против Воска Спорт.

Шкупи триумфираше со 0-3 на гостувањето против Струга ТЛ во дербито на 6. коло од ПМФЛ благодарение на неверојатниот Тамба Фабрис кој запиша хет-трик.

Чаирчани дојдоа до предност уште во 5. минута од средбата со голот на Тамба.

Се вчитува...