Не стивнуваат реакциите од редовите на ГФК Тиквеш по денешниот натпревар во Кавадарци на кој се чини кавадарчани беа оштетени во самиот финиш со поништен регуларен погодок за реми на натпреварот.
По спорниот момент, помошниот судија Гоце Петрески беше погоден до тврд предмет од трибините по што главнит судија Александар Ставрев една минута порано го прекина мечот.
Дополнително сега и ново соопштение од таборот на ГФК Тиквеш од каде со обвиненија и кон Комесарот за делегирање на контролори, Марјан Кировски дека праќа видеа на членови на раководството на Вардар подготвувајќи им текстови за одбрана на судиите.
„Комесарот за делегирање на контролори во ФФМ – Mарјан Кировски му ги праќа видеата на Миленко Неделкоски и му спрема текстови за објава во заштита на судиите од Скопје. Бараме од раководството во ФФМ да поднесе одговорност против Кировски и негово разрешување од функцијата за очигледен поткуп и местенка притив Тиквеш !!!“ – се вели во новото соопштение од Тиквеш.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА