ПРВА ЛИГА ПОД ЛУПА: Инцидентот во сенка на фудбалот во Кавадарци, шампионот не личи на себе

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

ТИМ НА 6. КОЛО

Тиквеш има слаб старт на сезоната. Освојувачот на Купот го дочека Вардар, расположен за да ги освои бодовите. Меѓутоа и Гачевски на голот на Вардар беше расположен, па не дозволи домоашните играчи да се радуваат, а потоа Закариќ постигне прекрасен гол за трите бода. Сепак, инцидентот во финишот го засени овој меч кога беше нападнат и удрен судијата Петрески, откако им беше поништен гол на Тиквеш. Се добива впечаток дека голот е регуларен, односно дека фудбалерот на Тиквеш не е во офсајд, а потоа од Кавадарци се огласија со две соопштенија. Веројатно Вардар ќе добие службена победа, а веројатно ќе има и санкција за теренот во Кавадарци. Шампионот Струга ТЛ не личи на себе. Стружани на почетокот на сезоната губат бодови, а сега загубија убедливо од Шкупи со 0-3. Претходно беа поразени и од Работнички. Ако вака продолжат, тешко дека ќе дојдат до третата последователна титула. Шкендија го искористи „киксот“ на Работнички и сега е сама на врвот по убедливата победа над Воска Спорт. Гостивар, конечно, ја покажа својата сила и во Кратово го победи Силекс, а Беса на домашен терен беше поразена од Пелистер. Прекрасен гол на овој меч постигна Мирко Ивановски, повратникот во ПМФЛ.

====================================

ИГРАЧ НА КОЛОТО:  Фабрис Тамба (Шкупи)

Фабрис Тамба беше нерешлива енигма за првакот и тоа на негов терен. Напаѓачот на Чаирчани постигна три гола во победата на својот тим, прва на гостински терен во оваа сезона. Со оваа победа Шкупи покажува дека ќе се бори за врвот во оваа сезона, и покрај тоа што во моментов е далеку од него, односно заостанува шест бодови од Шкендија, а породолжува да игра во стилот „топло-ладно“.

================================

ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Матија Мирков (Шкупи)

Во миговите кога клупата на Шкупи беше „жешка“, довербата од раководството ја доби Матија Мирков, дотогаш тренерот на голманите на тимот. Неговото деби беше заокружено со победа над Вардар од 3-0 на домашен терен, но дефинитивно вчера ја оствари најголемата победа како предводник на чаирчани, односно го зеде скалпот на првакот и тоа на негов терен, и тоа на убедлив начин.

==============================

ГОЛ НА КОЛОТО: Мирко Ивановски (Пелистер)

Повратникот во ПМФЛ Мирко Ивановски, постигна прекрасен гол во Гостивар, на мечот со Шкупи. Пелистер дојде до вториот триумф, прв на гости благодарние на Керим и на Ивановски. Ивановски даде гол за најавни шпици. Од 25-26 метри испука „бомба“ која заврши во горниот десен агол на немоќниот голман на Беса, искусниот Костадин Захов.

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ 

ФОТО НА КОЛОТО: КУЧЕШКА „ПОЗА“ НА АРЕНАТА

Се вчитува...