Еуроспорт Куп 2024 во Куманово, празник за младите фудбалери од Македонија и регионот

Изминатиот викенд на фудбалскиот терен покрај Спортската Сала во Куманово и на Арената на ФК Еуроспорт Куманово се одигра меѓународниот фудбалски турнир “Еуроспорт Куп 2024”  за дечиња кои се во возрасната категорија и генерација 2012, 2014 и 2016 година. Турнирот беше во организација токму од страна на ФК Еуроспорт Куманово заедно со своите пријатели и спонзори на оваа спортска манифестација.

Во категоријата 2016 учество зедоа хрватските тимови Динамо Загреб и Осијек,како и македонските тимови на ФК Маџари , ФК Детонит Плачковица, ФК Нова Колонија , ФК Гроздановски , ФК Караџов, ФК Еуроспорт Куманово, ФК Куманово 2012, ФК Форца, ФК Овче Поле, ФК Карев, ФК Башкими и ФК Академија Пандев. Турнирскиот дел во генерацијата 2014 го сочинуваа тимовите на ФК Динамо Загреб и ФК Осјек од Хрватска ,ФК ЦСКА Софија од Бугарија , ФК Црвена Звезда и ФК Стари Град од Србија и македонските тимови на ФК Еуроспорт Куманово 1 и 2 , ФК Старс , ФК Академија Пандев, ФК Осогово Крива Паланка, ФК Нови Таленти, ФК Карев, ФК Башкими, ФК Детонит Плачковица, ГФК Куманово, ФК Гроздановски, ФК Кул, ФК Куманово 2012, ФК Маџари и ФК Форца .

Интересно и возбудливо беше и во возрасната категорија 2012 каде настапија ФК Бешикташ и ФК Нуртепе од Турција, ФК Томислав Ливана од Хрватска, ФК Младеновац и ФК Душановац од Србија , Балкан од Бугарија и тимовите од нашата држава ФК Еуроспорт Куманово, ФК Гроздановски, ФК Нова Колонија, ГФК Куманово, ФК Вардар, ФК Маџари, ФК Куманово 2012, ФК Карев и ФК Форца.

Натпреварите поминаа убава, фер и коректно атмосфера и пред се одлична организација на домаќинот ФК Еуроспорт Куманово. На крајот од турнирот во возрасната категоријата 2016 триумфираше тимот на Динамо Загреб од Хрватска пред македонскиот тим Овче Поле кој заврши втор, трета беше уште една македонска екипа Карев додека четвртопласиран заврши Осијек од Хрватска.

Динамо Загреб беше најдобар и кај дечињата во возрасната категорија 2014. Втор заврши хрватскиот Осијек, трет беше тимот на ЦСКА Софија додека четврти Нови Таленти од Македонија. Победник кај генерацијата 2012 година беше турскиот тим на Бешикташ кој во финалниот меч триумфираше над македонскиот тим на Форца.

Огромен успех оствари и ФК Куманово Еуроспорт во генерацијата 2012 каде го освоија одличното трето место на исклучително квалитетниот и силен фудбалски турнир каде во малото финале го совладаа српски Младеновац. Уште еднаш организаторот на турнирот ФК Еуроспорт Куманово упатува огромна благодарност до сите учесници, спонзори и пријатели на клубот кои беа дел од овој фудбалски празник и со нивното присуство го збогатија и помогнаа да се одржи овој спортски настан.

Се вчитува...