ФФМ донесе одлука за суспензија на теренот во Кавадарци, и му додели службена победа од 0-3 на Вардар. На ваков чекор ФФМ се реши по нередите во финишот, кога со тврд предмет беше погоден помошниот судија Гоце Петрески, откако на Тиквеш му беше поништен гол.
„Фудбалската федерација на Македонија ја информира јавноста дека теренот ( Градски стадион Кавадарци) СЕ СУСПЕНДИРА според член 77, 87 и 90 од Правилник на натпревари на ФФМ поради напад (фрлено полно пластично шише ) кон втор асистент судија Гоце Петревски при што натпреварот бил прекинат. Суспензијата трае до донесување на конечна одлука на Дисциплинска комисија на ФФМ и е во рамки на натпревар од 6. коло на ПМФЛ помеѓу ГФК Тиквеш 1930 Кавадарци-ФК Вардар АД одигран на 22.09.2024 година .
Комисијата за натпревари на ФФМ според член 87 и 90 од Правилник за натпреварување на ФФМ со службен резултат ГФК Тиквеш 1930- ФК Вардар 0:3 го регистрираше овој натпревар“, стои во соопштението на ФФМ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА