Се омажи ќерката на легендарниот Михаел Шумахер, од нејзиниот татко ниту трага ниту глас

Џина Шумахер (27), ќерка на легендарниот Формула 1 возач Михаел, се омажи за својот долгогодишен партнер Џаин Бетке.

На имотот на Шумахер во Мајорка беше организирана голема прослава за членовите на семејството и пријателите. Имотот се простира на над 15 илјади метри квадратни и има главна куќа, базени и дополнителни објекти. 

Големиот ден на Џина го пренесоа сите светски медиуми, а низ мрежите се проширија фотографии од овој настан. 

Тамошниот медиум „Ултима Хора“, кој пишуваше за венчавката на убавата Џина, не го спомена нејзиниот татко Михаел Шумахер. Како и досега – неговата моментална состојба по несреќата на скијање не е позната, а семејството неговата ситуација ја чува во строга тајност.

Се вчитува...