Еден од најдобрите голмани на сите времиња Џанлуиџи Буфон, се ожени во саботата со новинарката Иларија Д’Амико. Луксузната церемонија се одржа во италијанскиот град Лука, а на прославата присуствуваа многу познати личности.
Приватниот ручек беше наменет за 150 гости во имотот на плажата на семејството Буфон, Ла Романина во Марина ди Маса, каде Џиџи и Иларија го поминуваат летниот одмор со своите деца и неговото семејство.
На неа се појавија и поранешните соиграчи на Буфон од Јувентус и од италијанската репрезентација Кјелини, Бонучи и Барѕаљи.
Кума на невестата била познатата актерка Моника Белучи, која дошла со својот партнер, режисерот Тим Бартон.
Finalmente NOI pic.twitter.com/TTdSdbBt9w
— Gianluigi Buffon (@gianluigibuffon) September 28, 2024
Gigi Buffon was joined by some of his old teammates as he married partner Ilaria D’Amico this weekend 💍🇮🇹 pic.twitter.com/cfSqKG7Sx8
— GiveMeSport (@GiveMeSport) September 30, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА