Неколку македонски пинг понг клубови учествуваа на Подгорица Опен меѓународниот турнир кој се одржа од 22-ри до 24-ти Декември и македонските играчи во повеќе категории прикажаа одлична игра, а се вратија со 5 медали и еден пехар.
Најголемиот дел од учесниците се пласираа помеѓу 8-те најдобри, а на натпреварот имаше вкупно 320 натпреварувачи од 8 држави.
Софија Хасану од Младост 96 се закити со злато во младинска категорија и 3-то во сениорска, додека Андреј Стојановски од 10 60 АС Ѓорче Петров освои бронзен медал кај јуниорите.
Македонците освоија и ветерански медали со 3-то место за Сашо Стојановски од 10 60 АС Ѓорче Петров во категорија 40-49 години и Томе Петков од Пелагонија во категорија над 70 години.
Екипата на Младост 96 покрај со Софија Хасану се претстави со Давид Јоноски, Мартин Ристески и Трајче Маркоски кои заедно со Кристијан Митев, Андреј Бејковски и Дарко Китановски од Пелагонија одиграа одлично во младинските категории. Митев и Бејковски се пласираа помеѓу 8 најдобри во категорија до 12 години. Идентичен успех забележа Китановски во категорија до 18 години. Христијан Јовановски издвои пласман помеѓу 16 најдобри.
Мартин Стаменковски од Крива Паланка 2007 загуби од шампионот во категоријата 40-49 години во 1/4 финалето. За тимот од Крива Паланка настапија и Мики Петковски, Игор Јовановски и Влатко Михајлов.
По Новогодишниот турнир во Нови Сад, престижниот Подгорица Опен донесе уште еден одличен резултат за македонскиот пинг понг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА