Капитенот на Рома, Лоренцо Пелегрини е блиску до заминување од главниот град на Италија. 28-годишникот игра лоша сезона поради која го загуби местото во првиот тим, постои незадоволство и кај самиот фудбалер и кај раководството на клубот па се е подготвено за промена на средината веќе во јануари.
За фудбалерот од средниот ред постои интерес од Интер, Наполи и Фиорентина, но тој сака да замине од Италија и да заигра во англиската Премиерлига.
Пелегрини потекнува од младинската школа на Рома, а покрај за „волчицата“ две сезони настапуваше и за Сасуоло од 2015 до 2017 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

