Една од најдобрите пливачки во историјата, Катинка Хосу објави дека на 35 години ја завршува кариерата.
Во текот на својата неверојатна кариера, Унгарката освои 97 медали на Олимписките игри, Светските и Европските првенства.
„Чувствувам дека направив се што требаше да направам. Знам дека луѓето ќе ги паметат медалите и рекордите, но она што најмногу ме исполнува е вистинската љубов кон пливањето“, изјави Хосу.
Хосу освои три злата и едно сребро на Олимписките игри во Рио 2016 година. Таа славеше на 200 и 400 мешано и 100 грбно, додека до среброто стигна на 200 грбно.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА