Македонската репрезентативна голманка Драгана Петковска кариерата ќе ја продолжи во Словачка, откако денеска потпиша договор со екипата на Јувента Михаловце.
Петковска сезоната ја почна во италијаскиот шампионат бранејќи за екипата на Салерно, но по завршувањето на последното ЕП таа се реши за нов предизвик во кариерата. Од неколкуте понуди на маса ја избра онаа на Михаловце, тим за кој ќе може да дебитира веќе викендов, откако беше регистрирана во ЕХФ и ќе биде во комбинација за настап во осминафиналето од ЕХФ Европскиот куп против ПАОК.
Петковска лани настапуваше за АЕК Атина, а во кариерата ги има брането и боите на Вардар, Ардесен, Силкеборг, Сондерјиске…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА