Најдобрата алпска скијачка на сите времиња, Микаела Шифрин која има рекордни 99 победи во Светскиот куп, доживеа тежок пад на 30. ноември 2024 година за време на велеслаломот во Килингтон, и претрпе длабок рани на десната страна на стомакот и сериозна повреда на мускулот.
По првичниот третман, Шифрин беше подложена на непланирана операција за чистење на раната и отстранување на насобраните течности, што дополнително го одложи нејзиното враќање на патеката.
И покрај компликациите, Шифрин верува дека наскоро би можела да се врати сезонава. Иако се уште е неизвесно кога ќе биде подготвена да се натпреварува, нејзината цел е учество на Светското првенство во Залбах Хинтерглем, кое ќе се одржи од 4. до 16. февруари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА