Осогово промовираше пет нови фудбалери за пролетниот дел од сезоната (ФОТО)

Денеска на градскиот стадион „Никола Мантов“ во Кочани, второлигашот Осогово официјално ги промовираше новите засилувања за пролетниот дел од Втората македонска фудбалска лига.

Осогово под водство на новиот шеф на стручен штаб Крсте Крстев ги почна подготовките за новата полусезона и веќе се работи според програмата и покрај тешките временски услови.

Новитети во тимот се Грегори Давков кој доаѓа од Брегалница Штип, Дамјан Стојковски од Вардар Неготино, Владимир Жоглев од ФК Скопје и Давид и Кристијан Ристовски кои доаѓаат од тимот на Слога од Виница.

Во присуство на новиот претседател на клубот Ненад Ефтимов и спортскиот директор Љупчо Симоски беа претставени новите играчи со кои Осогово ќе се обиде да ја избегне позицијата на која моментално се наоѓа и да обезбеди опстанок сезонава.

„Се надеваме дека сите заедно сплотени, како навивачите така и локалните фирми заеднички ќе допринесеме Осогово повторно да не радува со добри игри и победи кои ќе донесат и опстанок“ – истакнаа од клубот на денешната промоција на новите имиња.

Се вчитува...