Порто му врачи отказ на Витор Бруно, назначи повремен тренер

Витор Бруно од денеска официјално повеќе не е тренер на португалскиот гигант Порто откако клубот се одлучи за раскин на договорот со 42-годишниот стратег.

Португалскиот стратег седна на клупата на Порто во јуни 2024 година, а и покрај тоа што на 29 натпревари забележа 18 победи, три нерешени средби и осум порази не ги исполни очекувањата на раководството на гигантот.

Веќе е познат и неговиот наследник. Тоа е Жозе Тавареш кој ќе биде привремено решение. 59-годишникот дебито на клупата ќе го има против Олимпијакос во Лига Европа, натпревар кој ќе биде одигран во четврток.

Се вчитува...