Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо беше крајно незадоволен од арбитражата на натпреварот против Лион во Лига Европа. Овој натпревар заврши без голови, а Португалците се жалеа на употребата на ВАР. Како што рече, „работел за Лион, но не и за Фенербахче“.
Имено, играчот на францускиот тим Саел Кумбеди два пати беше на прагот да биде исклучен, но не доби црвен картон, а не реагираше ниту ВАР.
Во финишот Нијакате поцрвене, а потоа Мацолини од ВАР собата се огласи, по што беше поништено исклучувањето.
„Морам да кажам нешто за ВАР. Судијата погреши кога му даде жолт картон за Кумбеди за прекршокот на Шимански. ВАР треба да им помага на судиите, но тоа не се случи. Не го викнаа судијата да ја гледа ситуацијата, инаку ќе дадеше црвен картон. Мацолини е познат судија, но не го повика арбитараот. За мене се прифатливи грешките на судиите, но затоа тука е ВАР да ги корегира, а тоа не се случува“, рече Мурињо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
