ВИДЕО: Раниери збесна по мечот во Порто – „Ова веќе не е фудбал…!“

Рома ремизираше (1-1) на гостувањето против Порто во првиот натпревар од 1/16-финалето во Лигата на Европа, но тренерот на „волците“, Клаудио Раниери не го криеше незадоволството од начинот на судење на натпреварот кој директно влијаел на конечниот резултат.

Раниери, по синоќешниот дуел, откри дека дека сакал да направи замена пред ситуацијата за израмнување, но не му било дозволено.

„Дојдовме со намера да имаме одличен натпревар и да победиме. Одигравме добро и задоволен сум од играта на тимот, но не беше дозволено да победиме“ – истакна Раниери притоа дополнувајќи:

„Воопшто не ми е јасно како е можно шефот на судиите во УЕФА, Роберто Розети, кој е исклучително чесен и пристоен човек, на овој натпревар да испрати судија кој секогаш ја поддржува домашната екипа. Од 22 натпревари кога тој бил судија, гостинските екипи ремизирале на само девет натпревари, сите останати ги добиле домаќините. Па, тој цел натпревар само чекаше да се случи нешто во нашиот шеснаесетник за да му ја подари победата на противникот. Беше јасно. Затоа играчите цело време беа нервозни“.

Тој потенцира дека ги предупредил играчите за судијата, кој според него со доделување на осум жолти картони не ја завшил својата работа.

„Ги предупредив играчите да не се расправаат со судијата затоа што знаев дека тој тоа го чека. Веројатно мисли дека завршил добра работа, но осум жолти картони и еден црвен картон за нас… Не сакам да бидам разбран погрешно, затоа што некои картони беа заслужени, но не можете да ги направите играчите нервозни од самиот почеток. Да, им кажав на момците дека не сакам да му честитаат на судијата. Не го заслужи тоа. Па, бројни симулации имаше од противничките играчи. ВАР-системот треба да се користи и за казнување на симулаторите. Во спротивно, знам како ќе играме фудбал. Некој добива тупаница во стомакот а почнува да вреска и да се држи за лицето. Ова повеќе не е фудбал!“ – истакна Клаудио Раниери.

Се вчитува...