Допинг скандал ја тресе атлетиката: Олимписки вицешампион суспендиран на четири години

Поранешниот олимписки вицешампион во брзо одење, јапонскиот атлетичар Коки Икеда е суспендиран на четири години поради допинг, соопшти Единицата за атлетски интегритет која пронашла аномалија во неговите примероци на крв од јуни, август и септември 2023 година.

Овој 26-годишен атлетичар беше привремено суспендиран од ноември 2024 година, а сите постигнати резултати во 2023 година му се поништени.

Тоа не го вклучува сребрениот медал кој го освои на Игрите во Токио во 2021 година во брзо одење на 20 километри. Во 2022 година на истата дистнаца го освои среброто на Светското првенство.

Се вчитува...