ВИДЕО: Срамни сцени и во Брисел – Прекинат мечот Андерлехт – Фенербахче!

Срамни сцени, по оние во Љубљана на мечот Олимпија – Борац Бања Лука, и на дуелот во Брисел меѓу Андерлехт и Фенербахче во плеј-офот од Лигата на Европа.

Фенербахче со предност од 3-0 од првиот меч во Истанбул допатува во Брисел, и во 4. минута со голот на Ен Несири поведе и со 0-1 и на гостувањето во Белгија.

Веднаш потоа следеше хаос од трибините со бројни пиротехнички средства фрлени на терен, а изби и пресметка меѓу навивачи на двата клуба на трибините. Сето тоа донесе 20-минути прекин на натпреварот пред смирување на ситуацијата.

Се вчитува...