Селекторот на македонската репрезентација, Алек Јончевски ги избра кошаркарите кои денеска во 18.30 часот ќе излезат на мегдан против селекцијата на Полска.
Македонија ги загуби шансите за пласман на Евробаскет 2025, но желба на сите во националниот тим е да се стигне до триумф над Полска, за барем крајот на овој квалификациски циклус да биде триумфален.
Впрочем, токму затоа двајцата евролигашки кошаркари во нашите редови, Димитријевиќ и Шортс останаа со националниот тим и по поразот во Талин, со цел да дадат заеднички придонес за победа на вечерашниот дуел. Во однос на натпреварот со Естонија, селекторот Јончевски направи една измена – Тео Симиќ се чувствува подобро по болеста поради која не патуваше за Талин и ќе настапи против Полска, а на трибините се сели Страхил Николов.
Покрај Димитријевиќ, Шортс и Симиќ, во составот на Македонија за дуелот со Полска се наоѓаат уште: Бојан Крстевски, Марин Петков, Војдан Стојановски, Андреј Магдевски, Стојан Ѓуроски, Андреј Маслинко, Дамјан Робев, Виктор Ефремовски и Лејсон Зекири.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА