Чест за големиот ас: Дамјан Стојановски доби дрес на Македонија за крај на репрезентативната кариера

Дамјан Стојановски повеќе од една деценија успешно ги бранеше боите на Македонија, а капитенот на МЗТ Скопје во ноемврискиот двомеч со Литванија и официјално кажа збогум на репрезентативниот дрес.

Раководството на КФСМ го искористи денешниот последен квалификациски меч против Полска за да му укаже чест на Стојановски, подарувајќи му врамен дрес од македонската репрезентација.

Дамјан Стојановски своето деби во репрезентативниот дрес го имаше на Евробаскет 2009 во Полска, а тој беше дел и од легендарната генерација што стигна до четвртото место на Евробаскет 2011 во Литванија, заедно со Тодор Гечевски и со актуелниот претседател на КФСМ, Перо Антиќ, кои вечерва му го врачија пригодниот подарок.

Се вчитува...