Фудбалерите на АП Брера се последните полуфиналисти во Купот на Македонија, по Вардар, Шкендија и Струга ТЛ.
Струмичани по изведувањето на пеналите успеаја на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица да го елиминираат второлигашот Арсими.
По регуларните 90 минути натпреварот заврши без победник, 1-1. Струмичани поведоа со голот на Фахд Нзенгуе од 15. минута, но гостите израмнија во 78.минута од средбата со погодокот на Таипи. Па се мина на изведувањето на ударите од белата точка каде АП Брера беше поуспешна од гостите со 4-3.
КУП НА МАКЕДОНИЈА – ЧЕТВРТФИНАЛЕ
Скопје: ВАРДАР – СИЛЕКС 1-0
Донгмо 68′
Струмица: АП БРЕРА – АРСИМИ 1-1 (по пенали: 4-3)
Фахд Нзенгуе 15′ – Таипи 78′
Радовиш: ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА – ШКЕНДИЈА 0-1
Шала 22′
Струга: СТРУГА ТЛ – ГОСТИВАР 1-0
Кехинде 48′
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА