ОФИЦИЈАЛНО: Ечевери е нов фудбалер на Манчестер сити

Англискиот фудбалски великан Манчестер сити денеска и официјално го претстави младиот аргентински фудбалер, Клаудио Ечевери за свое ново засилување.

Ечевери штотуку играше на Јужноамериканското првенство до 20 години каде постигна шест голови во девет натпревари. Потпиша за Сити во јануари 2024 година, но беше позајмен на Ривер Плата за изминатата година како дел од договорот.

„Премногу сум возбуден и конечно можам да се наречам фудбалер на Манчестер сити. Фудбалот е мојот живот, мојот сон беше да играм за еден од најдобрите тимови во Европа. Манчестер сити е еден од најдобрите во светот“, вели Ечевери.

Се вчитува...