Шкендија, се чини, рутински се пласираше во полуфиналето од Купот на Македонија победувајќи го во Радовиш второлигашот Детонит Плачковица со голот на Аденис Шала во 23. минута.
„Црвено-црните“ во полуфиналето ги очекува пресметка со еден од ривалите Струга ТЛ, Брера и Вардар, но нагласуваат дека секако целта на тимот е пласман во финалето од најмасовното домашно клупско натпреварување.
„Овој натпревар беше многу важен за нас затоа што не носи меѓу најдобрите четири екипи. Овие натпревари се секогаш ризични поради противникот и условите на теренот. Но, задоволен сум бидејќи создадовме многу шанси, доминиравме, бевме агресивни и задоволен сум од залагањето на играчите. Генерално, сосема заслужена победа“ – вели шефот на стручниот штаб Јетон Беќири, притоа дополнувајќи:
„Да го реализиравме пеналот или некоја од многуте создадени шанси, верувам дека натпреварот ќе имаше поинаква приказна и далеку поубедлива победа. Но, фудбалот е убав затоа што е непредвидлив“.
Шкендија, покрај битката за трофеј во Купот на Македонија, сезонава ја чека и битка за шампионската круна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА