На 89-годишна возраст, почина Борис Спаски, еден од најдобрите шахисти на сите времиња. Десетиот светски првак во шахот е роден во сегашен Санкт Петербург во 1937 година, и имаш тешко детство во Втората светска војна.
Спаски беше еден од најдобрите млади играчи во шах, и стана најмладиот советски играч кој освои титулата меѓународен мајстор на 16 години. Врвот го достигна со освојувањето на Светското првенство 1969 година.
Спаски ќе остане запаметен како учесник на историскиот меч на Светското првенство 1972 година против Боби Фишер, кој беше прогласен за меч на векот кој се одржа во Рејкјавик, Исланд. Ова натпреварување беше одржано во тек на студената војна, и стана култен меч кој привлече многу внимание.
Во 1976 година се пресели во Франција, а во 2010 година доживеа мозочен удар. Се лечеше во Москва, а потоа се врати во Франција каде што бил изолиран и лошо третиран. Во 2012 година се вратил во Русија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

