Бронзен медал за Дејан Георгиевски на силниот Г1 турнир во Бугарија

Еден од најдобрите спортисти на Македонија во 21 век и единствен роден Македонец кој што освои медал на Летните олимписки игри во независна Македонија, Дејан Георгиевски испиша нова историја во таеквондо спортот.

Сребрениот од игрите во Токио во 2021 година, стигна до нов голем резултат во борбата за пласман на ЛОИ во Лас Анџелес во 2028 година.

Георгиевски денеска го освои бронзениот медал на силниот Г1 турнир кој се одржа во Бугарија.

Се вчитува...