Динамо Загреб не успеа да стигне до три бода на вечното дерби против Хајдук (2-2), резултат со кој „модрите“ остануваат со седум бода заостанување зад водечката Ријека и „минус шест“ во однос на Хајдук.
Македонските интернационалци немаа свој ден, ако се знае дека Стефан Ристовски заработи црвен картон во второто полувреме, додека Аријан Адеми беше стартер, но поради повреда мораше да биде заменет во раната фаза од натпреварот.
Токму Ристовски беше асистент при првиот гол за „модрите“ што го постигна Батурина, но Хајдук успеа да се врати и преку автоголот на Фрањиќ израмни во 31. минута. Пјер Габриел стрелаше прецизно во 51. минута, но по исклучувањето на Ристовски гостите од Сплит тргнаа воофанзива за повторно да израмнат.
Тоа конечно им успеа во судиското продолжение, кога Кровиновиќ со фантастичен гол со глава го матираше домашниот голман.
Во второто полувреме се играа дури 16 минути судиско продолжение, а Динамо од 101. минута беше со двајца играчи помалку откако црвен картон доби и Галешиќ, за груб старт врз голманот на Хајдук.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА