„Специјалитет“ за деби гол на Рамос во Мексико (ВИДЕО)

Легендарниот Серхио Рамос го постигна својот прв гол за новиот клуб Монтереј, стрелајќи во триумфот од 4-2 против Сантос Лагуна во мексиканското првенство.

Шпанецот во 57. минута го искористи своето најдобро „оружје“, стрелаше со главата по центаршутот од својот сонародник Серхио Каналес.

„Среќен сум за оваа тешко извојувана победа и за мојот прв гол во овој дрес. Благодарност до навивачите за поддршката“, порача Рамос на социјалните мрежи.

Се вчитува...