Натпреварот од шпанската Ла Лига меѓу Виљареал и Еспањол кој беше закажан за вечерва е одложен. Натпреварот од 26. коло на Примера нема да се одигра поради обилни врнежи од дожд и генерално лоши временски услови.
Врнежите се зголемија, па одлуката беше објавена на стадионот „Керамика“. Тренерот и играчите на гостинската екипа со овации ги поздравија своите навивачи, извинувајќи им што допатуваа од Барселона.
Викендов обилни врнежи се присутни во Шпанија и речиси секој натпревар од Ла Лига се играше во лоши временски услови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

