Британските медиуми во вторник се занимаваат со потенцијалниот отказ на Иван Јуриќ во Саутемптон, а како шричина се наведува лошиот однос со неколку играчи.
Саутемптон од коло во коло е се поблиску до Чемпионшип, има само девет бода и е последен на табелата во Премиерлигата.
Иван Јуриќ го презеде клубот откако Расел Мартин доби отказ во декември и потпиша договор на 18 месеци. Сепак, се чини дека нема да доживее крај на договорот на клупата на „светците“.
На десетте одиграни натпревари, Саутемптон забележа само една победа кај Јуриќ. И тоа против Ипсвич, кој исто така дојде од Чемпионшип оваа сезона.
Јуриќ во договорот има клаузула која му дава можност на клубот да го отпушти на крајот од сезоната, а веќе се шпекулира дека би можел да биде заменет од досегашниот тренер на Шефилд Венсдеј, Дени Рол, кој исто така се споменуваше во декември, но тогаш проблем за Саутемптон беше откупната клаузула во договорот на Рол вредна пет милиони фунти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

