Шведскиот голгетер на Спортинг, Виктор Ѓекереш е апсолутна сензација во светот на фудбалот покажувајќи неверојатен потенцијал поради кој е веќе на радарот на најголемите фудбалски клубови.
Покрај тоа што досега постигна 46 голови и забележа 13 асистнеции за клубот и националниот тим, во негова полза за трансфер ќе биде и новиот рекорд поставен во португалското првенство.
Имено, Ѓекереш стрелаше на вчерашниот натпревар против Есторил со што стана првиот фудбалер кој постигнал гол против сите тимови во елитното португалско првенство оваа сезона.
За услугите на 26-годишникот се заинтересирани Барселона, Арсенал, но и Манчестер Јунајтед кој е предовден од доскорешниот тренер Рубен Аморим кој воедно и го купи во Спортинг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

