Работнички против Вардар во битката повеќе од значајна за двете екипи во 22. коло од Првата македонска фудбалска лига.
„Романтичарите“ веруваат во триумф иако се свесни дека Вардар, со оглед на неопходноста на бодовите, ќе биде повеќе од тежок противник.
„Секој дуел меѓу Работнички и Вардар е дерби. Тоа е традиција која трае низ годините, иако секоја сезона амбициите на клубовите се менуваат. Јас вторпат сум во Работнички и добро знам дека тоа е посебен натпревар. Подготвени сме за надигрување, имаме респект за противникот и ќе сториме се да стигнеме до триумф. Не е можно да очекуваш да почне еден дерби натпревар, а да не посакуваш да победиш“ – вели еден од најдобрите фудбалери на Работнички, Анес Рушевиќ.
ПМФЛ – 22. КОЛО (денеска, 14 ч.)
Струмица: АП БРЕРА – ГОСТИВАР
Скопје: РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР
Гостивар: БЕСА – СИЛЕКС
Битола: ПЕЛИСТЕР – ВОСКА СПОРТ
Струга: СТРУГА ТЛ – ШКЕНДИЈА
Кавадарци: ТИКВЕШ – ШКУПИ
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

