Трент нема да е единствен, Реал бара уште еден ас на Ливерпул за летен трансфер

Реал Мадрид планира ремонт на одбранбената линија во текот на летниот преоден рок, веќе подолго време се преговара со Трент Александер Арнолд да пристигне како големо засилување, а десниот бек не е единствената желба на „кралскиот клуб’ кога станува збор за дефанзивата од актуелниот ростер на Ливерпул.

„Кралевите“ пред неколку седмици јасно ставија до знаење дека немаат намера да преговараат со Вирџил ван Дајк, но затоа погледите им се насочени кон неговиот партнер од одбраната, Ибрахим Конате. Французинот игра сезона за паметење и е клучена фигура крај Ван Дајк, но преговорите за нов договор не течат според очекувањата, а актуелниот договор на Конате со Ливерпул истекува во јуни 2026 година.

Тоа практично значи дека „црвените“ во случај да не ја продолжат соработката до крајот на оваа сезона, би влегле во нова трка со времето каква што сега имаат со преговорите со Салах, Ван Дајк и со Александер Арнолд. Управата на Реал планира да го искористи тоа, па веќе е подготвена понуда од 40 милиони евра за потписот на поранешниот дефанзивец на Лајпциг.

Конате вреди над 60 милиони, но Флорентино Перез ќе се обиде да го искористи фактот дека тој ќе влезе во последната година од договорот за да ја спушти вредноста на трансферот.

Се вчитува...