Колку пари заработи Е. Пелистер од учеството во ЛШ?

Е. Пелистер го заврши настапот во Лигата на Шампионите за сезоната 2024/25, со значителен напредок во однос на ланската сезона, но за жал и тоа се покажа недоволно за македонскиот првак да обезбеди пласман во нокаут фазата од елитното европско натпреварување.

Пред стартот на нокаут-фазата, објавена беше и неофицијална ранг-листа за заработката на сите клубови од самото учество во групната фаза од Лигата на Шампионите.

Македонскиот шампион Е. Пелистер според овие информации има вкупна заработика од 171.500 евра за настапот во ЛШ оваа натпреварувачка сезона, што не е ниту десет проценти од вкупниот буџет на клубот.

Не станува збор само за резултатите, туку бројките генерално се поразителни, па така Веспрем и Барселона се наоѓаат на врвот со 269.370 и 259.370 евра, премалку во однос на вложувањата што овие ракометни гиганти ги имаат за да бидат дел од елитното друштво.

Според оваа неофицијална ранг-листа, само два клуба од елитното европско ракометно друштво имаат помала заработка од македонскиот првак, и тоа Загреб со 166.500 евра и данска Фредериција со 146.500 евра.

Едно е јасно, парите што се заработуваат од ЕХФ за учеството во ЛШ се во најмала рака смешни во однос на елитните натпреварувања во останатите врвни колективни спортови.

Се вчитува...