Чави не исклучува да преземе друг клуб во Ла Лига: Сакам да ја освојам ЛШ

Поранешниот тренер на Барселона Чави, е подготвен да се врати на тренерската работа, откако го напушти каталонскиот клуб минатата година. Легендарниот фудбалер на Барселона не ја исклучи можноста да земе друг клуб во Шпанија.

Тој кажа дека ужива да ги гледа Сити, Ливерпул и Баерн Минхен, но и првенствата во Саудиска Арабија, Катар, Португалија…

„Немам никакви планови, отворен сум за нова работа. Зошто да не станам тренер на друг тим во Ла Лига? Барам интересен проект, каде што ќе можам да освојувам трофеи. Ова е главната цел. Уживам да ги гледам Сити на Гвардиола, Ливерпул на Слот, Баерн Минхен на Компани. Следам и што се случува во Саудиска Арабија, Катар и Португалија. Сакам моите играчи да се забавуваат, да играат фудбал кој е привлечен за фановите, да освојувам трофеи во ЛШ, Европското првенство, светското првенство“, изјави поранешниот играч и тренер на Барселона.

Се вчитува...