Нов шок за Манчестер Сити: Пораз и од Нотингем Форест (ВИДЕО)

Во директната пресметка за место во Лигата на шампионите, Нотингем Форест го совлада тимот на Манчестер Сити во 28. коло од Премиерлигата. „Граѓаните“ веќе одамна се во „аут“ за титула во Премиерлигата, но сега си ја искомплицираа ситуацијата и со пласман во Лигата на шампионите, затоа што Челси им „дише во врат“ со само еден бод заостанување.

А, тимот на Пеп Гвардиола можеби имаше доминација во поседот на топката, и добро го почна мечот, меѓутоа како одминуваше времето, Нотингем се ослободуваше од притисокот, и повремено се закануваше.

Добри шанси за Сити промашија Халанд кој шутираше само крај голот, и Нико Гонзалез кој ја погоди стативата, но тоа беше се што сторија играчите на Сити. Во вториот дел Нотингем го најде рецептот, па прв се закани Хадсон-Одои, а Сити се спаси со помош на одбраната на Едерсон и на стативата.

Хадсон-Одои во 83. минута го постигна голот вреден голема победа за Форест, со која се зацврсти на третата позиција на табелата, и веројатно овој тим ќе игра во ЛШ идната сезона. Ковачиќ во последните мигови од мечот не реализираше шанса за бод на актуелниот првак.

Се вчитува...