Лион во драматичен натпревар успеа да слави со 4-2 на домашен терен над Авр, продолжувајќи ја трката за место во Топ 4 на табелата кое ќе води во Лигата на Шампионите следната сезона. Во главна улога беше Грузиецот Микаутадзе, кој влезе во игра во второто полувреме и со гол и две асистенции даде клучен придонес за големиот пресврт.
Првото полувреме го одбележаа двата пенала, најпрвин Лаказет го доведе Лион во водство, а потоа гостите успеаја да израмнат иако од ВАР собата го повикаа главниот судија предупредувајќи го дека греши, но тој сепак остана на првичната одлука и му додели пенал на Авр што Туре го претвори во израмнувачки погодок.
Авр пред самиот крај на полувреме постигна и втор гол за водство од 1-2, а Лион се мачеше да се врати се до влегувањето на Микаутадзе во 77. минута на местото на Шерки. Грузиецот најпрвин во 78. минута одлично му асистираше на Фофана при голот за 2-2, пред Микаутадзе со прекрасен гол самиот да го комплетира пресвртот во 82. минута.
Конечните 4-2 ги постави Алмада во судиското продолжение, по втората асистенција на Микаутадзе на овој натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА