Солзи на трибините во Копер: Минута молк пред мечот Словенија – Македонија

Траорна беше атмосферата непосредно пред мечот меѓу Словенија и Македонија, каде согласно најавите имаше минута молк пред самиот старт, во чест на жртвите во големата трагедија во Кочани.

Голем број на Македонци се присутни во салата во Копер, но меѓу сите нив, како и меѓу ракометарите и нашиот стручен владееше шок од огромната несреќа во која згаснаа над 50 млади животи.

„Денеска, нашите мисли се со жртвите и нивните сакани во страшната трагедија во Кочани“, објави Ракометната Федерација на Словенија, со две фотографии од пред самиот почеток на дуелот во Копер.

Се вчитува...