Нов голем проблем за „милионерите“: Клучен играч паузира четири недели

Борусија Дортмунд е во криза во Бундеслигата, а сега има дополнителен проблем со повредата на играчот од средниот ред, Марсел Сабицер. Австрискиот репрезентативец се повреди на мечот со Лајпциг, и ќе мора да паузира.

Според привчните информации, Сабицер ќе го нема во следните четри недели. Тоа значи дека Австриецот сигурно ќе го пропушти првиот меч од Лигата на шампионите против Барселона.

Сабицер лани беше еден од клучните играчи за играњето во финалето во Лигата на шампионите минатата сезона. Меѓутоа во оваа е далеку од посакуваната форма, и почна да игра под водство на Нико Ковач, но сега тренерот на „милионерите“ ќе мора да бара друго решение.

Се вчитува...