Хрватски новинар распали по Ц. Звезда: „Пе..рски потег“, пуштаат натпревари!

Хрватскиот новинар Томислав Хорват не можеше да го премолчи натпреварот помеѓу Црвена Звезда и Спартак Суботица во АБА лигата. Кошаркарите на Црвена Звезда синоќа беа загубија на домашен терен со 77-78 од Спартак, по што црвено-белите се зацврстија на четвртото место во АБА лигата, а Спартак до седмото место кое води во плеј-офот.

Тоа поместување на табелата го привлече вниманието на хрватскиот новинар Томислав Хорват, кој упати жестоко обвинување.

Имено, Хорват тврди дека Црвена звезда ја наместила средбата во интерес на Спартак и неговиот пласман во плеј-офот,

„Црвена Звезда ги пушта натпреварот и ја руши регуларноста на АБА лигата! Звезда загуби од Суботица во Белград. Очигледно пуштање. Со овој потег Задар испадна од зоната за плеј-оф. За Задар тоа не е толку важно, колку што е ова ‘педерски’ потег на Звезда. Така не се однесува голем клуб“ – напиша Хорват.

Се вчитува...