Рудигер во продолженијата му донесе финале на Реал Мадрид во Купот (ВИДЕО)

Неверојатен натпревар одиграа Реал Мадрид и Реал Сосиедад во реваншот во полуфиналето на Купот на Шпанија, кој заврши без победник 4-4 дури по продолженијата, на општо задоволство на домашниот тим. Сосиедад дојде во еден миг и до финалето со водството од 1-3, но Реал брзо се врати и израмни на 3-3, па потоа гостите стигнаа и до 3-4 во регуларниот дел. Продолженијата не навестуваа победник, но така не мислеше Рудигер кој во 115 минута успеа да погоди и да ги однесе „кралевите“ во финале.

Гол серијата ја почна Беренече во 16. минута откако им избега на одбранбените фудбалери, и го совлада Лунин. Ендрик во 30. минута израмни, откако доби прекрасна топка од Винициус.

Реал Сосиедад повторно поведе во 72. минута благодарение на автоголот на Алаба во 72. минута од средбата. Кога Ојарзабал погоди во 80. минута од средбата, домашните навивачи почнаа да стравуваат дека тука ќе биде крајот за „кралевите“ во Купот.

Меѓутоа Белингем за само две минути успеа да израмни, а потоа Чуамени во 86. минута по грешката на голманот на Сосиедад успеа да израмни. Сепак, тимот од Баскија не сакаше да се предаде, па Ојарзабал во судиското надополнување донесе уште една предност за Реал Сосиедад, користејќи ја грешката овојпат на Лунин кој „исплива“ во празно.

По првото продолжение немаше возбудувања. На почетокот на вториот малку и „искри“ на теренот поради остар старт врз Винициус, но црвен картон немаше.

Во 115 минута се случи клучниот момент. Гулер од корнер нафрли до осамениот Рудигер кој со глава го совлада Ремиро, го израмни резултатот на 4-4 и така го однесе својот тим во големото финале.

Реал Мадрид ќе го чека подобриот од дуелот Атлетико Мадрид – Барселона. Првиот меч заврши со неверојатни 4-4.

Се вчитува...